• недела, 24 ноември 2024

Кривична пријава против стружанец за бесправо градење

Кривична пријава против стружанец за бесправо градење
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против стружанец  кој е осомничен за кривично дело „бесправно градење“, соопшти МВР. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против A.А.(68) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020 на ул„Наум Наумоски Борче“ во Струга, пријавениот во својство на сопственик и инвеститор, без соодветно одобрение изградил доградба на постоечки објект за домување, се наведува во соопштението на Министерството. Од МВР посочуваат дека од извршениот инспекциски надзор било донесено решение со кое на инвеститорот му се наложува да прекине со доградување на постоечкиот објект. фф/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан