• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на лични податоци

Кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на лични податоци
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци". Пријавениот, како што денеска појаснија од МВР, неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари. цр/са/

Остани поврзан