• четврток, 26 декември 2024

Кривична пријава против прилепчанец поради закани кон кандидат за градоначалник

Кривична пријава против прилепчанец поради закани кон кандидат за градоначалник
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - СВР Битола – Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, осомничен дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“, по член 144, став 4 од Кривичниот законик. - На 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук“ едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник и неговото семејство, се појаснува во денешното соопштение од МВР. Се посочува дека веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп. цр/лв/      

Остани поврзан