• четврток, 26 декември 2024

Кривична пријава против осум лица за извршена „тешка кражба“

Кривична пријава против осум лица за извршена „тешка кражба“

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Л.К.(64), П.М.(24), Д.П.(25), М.Ј.(26), В.Р.(24), А.Ѓ.(23), Т.Л.(23) и П.Н.(24), сите од Неготино поради основано сомнение дека во периодот од 23 до 26 јуни годинава извршиле „тешка кражба“ во фирма на подрачјето на Кисела Вода.

Лицата, како што соопшти МВР, одзеле компјутери, бироа и друга компјутерска и канцелариска опрема, со што се стекнале со противправна имотна од околу 950.000 денари.

- По преземени мерки од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода на 28 јуни 2023 на подрачјето на Кисела Вода, при извршен преглед во товарно возило со неготински регистарски ознаки, управувано од Л.К., украдените предмети биле пронајдени, а Л.К. бил лишен од слобода. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на сопственикот, информира МВР.

Полициски службеници од ОВР Неготино извршиле разговор со останатите седум лица кои во целост го објаснуваат начинот на кој го извршиле кривичното дело и тие се опфатени со кривичната пријава. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан