• петок, 27 декември 2024

Кривична пријава против малолетник за „убиство во обид“

Кривична пријава против малолетник за „убиство во обид“
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против малолетник од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. - На 27 ноември 2021 на регионалниот пат Гостивар - с.Чегране, пријавениот со остар предмет повредил друг малолетник од с.Чегране, се наведува во соопштението на МВР. фф/бак/

Остани поврзан