• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против лице од Чучер Сандево за криумчарење на 17 мигранти

Кривична пријава против лице од Чучер Сандево за криумчарење на 17 мигранти
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против С.Р.(21) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. - На 16.06.2021 на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, пријавениот со патничко возило „цитроен џампер“ превезувал 17 лица мигранти, од кои 15 од Пакистан и двајца од Бангладеш, кои биле пронајдени при контролата, наведуваат од МВР. фф/бак/

Остани поврзан