• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против лице од битолско село за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против лице од битолско село за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Скопје, 15 март 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи - Битола поднесе кривична пријава против 60-годишниот М.М. од битолското село Гнеотино, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, во својство на претседател на синдикална организација при фирма од Битола, во три наврати извршил плаќања од службената сметка на синдикатот за лични потреби, односно за судски спор што тој лично го водел со фирма од Скопје, се појаснува во соопштението. бд/дма/

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан