• недела, 24 ноември 2024

Кривична пријава против кичевец вработен во Шумско стопанство за злоупотреба на службена положба и овластување

Кривична пријава против кичевец вработен во Шумско стопанство за злоупотреба на службена положба и овластување
Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што соопшти МВР, осомничениот на  29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да  изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“.
-Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“. Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари, стои во соопштението. вг/дма/

Остани поврзан