• среда, 27 ноември 2024

Кривична пријава против директор на училиште во Свети Николе за злоупотреба на службената положба

Кривична пријава против директор на училиште во Свети Николе за злоупотреба на службената положба
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против В.М.(56) од Свети Николе за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во својство на директор на основно училиште во Свети Николе, во текот на 2021 година во повеќе наврати вршел набавки на стоки за училиштето од повеќе правни лица без притоа да спроведе јавна набавка. - Пријавениот, во својство на директор на основно училиште во Свети Николе, во текот на 2021 година во повеќе навратил вршел набавки на стоки за училиштето од повеќе правни лица, без спроведена постапка за јавна набавка иако знаел дека вредностите на набавените стоки го надминуваат законскиот вредносен праг за задолжително спроведување на постапка за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, посочуваат од МВР. фф/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан