• сабота, 28 декември 2024

Кривична пријава против двајца скопјани кои извршиле нелегални транскации со туѓа платежна картичка

Кривична пријава против двајца скопјани кои извршиле нелегални транскации со туѓа платежна картичка
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(27) и С.П.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. Како што соопштија денеска од МВР, во текот на вчерашниот ден, пријавените прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица. На овој начин, се стекнале со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари.бт/бак/

Остани поврзан