• четврток, 26 декември 2024

Кривична пријава против двајца скопјани осомнилени за измама со продажба на стан

Кривична пријава против двајца скопјани осомнилени за измама со продажба на стан

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама".

Како што информираат од МВР, пријавените, Ф.С. (33) и Ф.Ј. (31), во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие довеле во заблуда оштетено лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правно лице на кое што застапник бил второпријавениот.

- Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и понатаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција, се наведува во соопштението од МВР. дма/сп/

Фото: МИА Архива

 

 

 
 
 
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан