• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава за фалсификување пари  

Кривична пријава за фалсификување пари  

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против М.И.(29) од виничкото село Пекљане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама" и кривично дело „фалсификување пари“.

Имено, на почетокот на јуни 2023 година, соопштија денеска од МВР, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил и се договориле да го купи телефонот.

- Откако ѝ дал четири банкноти од по 100 евра, таа се посомневала во нивната исправност и настанот го пријавила во полициска станица. По извршените проверки било утврдено дека парите се фалсификат, појаснуваат од МВР. цр/ев/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан