• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за фалсификување исправа

Кривична пријава за фалсификување исправа

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Одделението за прекуграничен криминал и миграции Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Х.(31) од Република Албанија, со постојано место на живеење во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

-Пријавениот на 26 април 2023 на граничен премин „Богородица“ допатувал со возило „тојота јарис“ со италијански регистарски ознаки и при контрола и проверка на сообраќајната дозвола и останатите документи било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило, информира Министерството за внатрешни работи. хс/ац/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан