Кривична пријава за стружанка која ги принудувала децата да питачат во Дебар
- ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 38 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против стружанка, поради сомнение дека ги присилила нејзините деца да питачат во Дебар, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
- ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 38 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца ги присилила да питачат во Дебар, се појаснува во соопштението. бд/дма/
Фото: МИА архива