• недела, 24 ноември 2024

Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар

Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти денеска МВР, на 8 септември годинава пријавениот на земјен пат во село Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К.. дма/aa/

Форо:МИА архива

Остани поврзан