• четврток, 26 декември 2024

Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад"

Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик. - На 14.02.2022 на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини, при што го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да поседува „дозвола за вршење на дејност - складирање и третман на отпад", појаснуваат од МВР. цр/сп/

Остани поврзан