• петок, 27 декември 2024

Кривична пријава за поранешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска за злоупотреба на службена положба во реконструкцијата на Универзална сала

Кривична пријава за поранешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска за злоупотреба на службена положба во реконструкцијата на Универзална сала

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) – Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје  за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во врска со реконструкцијата на Универзална сала.

Според пријавата, Б.К.С., во својство на министер за култура, на 19 февруари 2024 година ја злоупотребила својата службена положба и овластување. Имено, по донесена одлука од Советот на Град Скопје и заклучок од Владата на РСМ за реконструкција на Универзалната сала во Скопје, таа не ги спровела неопходните постапки за јавна набавка, како што е предвидено со Законот за јавни набавки.

Наместо тоа, од МВР велат дека склучила договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во вредност од 115.173.789 денари. Овој договор бил склучен иако претходниот договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје и истото правно лице веќе бил истечен и невалиден.

Како резултат на ова, Министерството за култура исплатило 27.197.845 денари на правното лице за изведени работи, овозможувајќи му да се стекне со противправна имотна корист. ар/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан