• среда, 18 декември 2024

Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата

Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(54) од Битола, Б.Б.(70) од Битола, со живеалиште во Скопје и И.К.(61) од  Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „загадување на животната средина и природата“.

Како што информира МВР,  М.Г. - директор на ЈП „Стрежево“, во периодот од 2019 до 2021 година пропуштил должен надзор на движењето над браната на хидроакумулацијата Стрежево. Тој не спречил да се движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежни материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.

Второпријавениот, раководител со стратешкиот објект „Брана“ Стрежево, во периодот од 2019 до 2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.

Третопријавениот, раководно лице на сектор за зафаќање, акумулирање, заштита и мониторинг на води, во периодот од 2019 до 2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација, како миксери за бетон, камиони со градежени материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан