• вторник, 24 декември 2024

Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“

Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.К.(73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 кг. марихуана и 31,39 литри масло од канабис. дма/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан