• четврток, 19 декември 2024

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата
Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) - Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски. Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник  и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543,00 денари. Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“. - Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛСкопје,  А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари, информира Финансиската полиција. бак/са/

Остани поврзан