• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава за кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство 

Кривична пријава за кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство 

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Кривична пријава против полициски службеник од Битола поради напад на својата невенчана сопруга. Против лицето ќе биде поведена и дисциплинска постапка, а ќе му биде одземено и оружјето. 

Од МВР информираат дека е поднесена кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

- На 29.01.2024 во Битола, Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР, соопштуваат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник. ир/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан