• петок, 27 декември 2024

Кривична пријава за жител од Жупа за рибократство, строгата контрола на Дебарско Езеро продолжува

Кривична пријава за жител од Жупа за рибократство, строгата контрола на Дебарско Езеро продолжува
Дебар, 14 април 2021 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на селото Праленик, општина Центар Жупа, кој во Дебарско Езеро ловел риба на недозволен начин. -Кривична пријава e поднесена против А.Ј. (23) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На втори овој месец околу 22:00 часот пријавениот е затекнат на брегот на Дебарското Езеро со 15 рибарски мрежи и 18 парчиња уловена риба, кои заедно со еден гумен чамец и риболовен алат се одземени, изјави портпаролot на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски. Ова прва кривична пријава за минатата и оваа година, поднесена за рибокрадство на езерото. Како што претходно потврдија од спортското риболовно друштво „Трофта“, концесионер на езерото од ноември 2019 година кога друштвото ја доби концесијата запленети се над 120 рибарски мрежи, но на самото место не било затекнато лице. Од таму додаваат дека продолжуваат со зајакнатите контроли со цел заштита на рибниот фонд, во што голема поддршка имаат и од полициските работници. -За оваа цел посебна поддршка имаме од Полициската станица - Дебар, со која и до сега сме имале тесна соработка во напорите за заштита на рибниот фонд од рибокрадци. За нас полициските работници биле и остануваат главна потпора во овој правец. Секако зајакната е и нашата рибочуварска служба, рече Дритан Боцку, претседател на „Трофта“. На крајот од минатот месец „Трофта“ ги збогати езерските води со 1.526 килограми парчиња крап тешки од еден до три клограми. Минатиот месец, во првата акција за порибување годинава, во реката Радика и Дебарско Езеро беа пуштени по 25 килограми подмладок на пастрмка, а дополнително во езерото и 100 килограми подмладок на крап. вт/мч/

Остани поврзан