• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кривична пријава за директор и социјален работник во Меѓуопштински центар за социјални работи

Кривична пријава за директор и социјален работник во Меѓуопштински центар за социјални работи

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - СВР Битола - ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднело кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, соопштија денеска од МВР, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

- Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело, се појаснува во соопштението од МВР. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан