• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за дилер од Кичевско, запленети околу 600 грама хероин

Кривична пријава за дилер од Кичевско, запленети околу 600 грама хероин
Скопје, 29 јули 2021 (МИА) – СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А.(38) од село Гарни, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира Министерството за внатрешни работи. Според податоците на МВР, денеска во 0:35 часот, Д.А. бил лишен од слобода од полициски службеници од ОВР Кичево, откако во текот на вечерта на 28 јули по добиена наредба од судија од Основен суд Кичево е извршен претрес во домот и други простории кај Д.А. При претресот се пронајдени околу 600 грама хериоин, стебла од канабис и други предмети. ки/вј/

Остани поврзан