Кривична пријава за дебранец за поседување марихуана
- Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, кај кој претходно е пронајдена марихуана.
Дебар, 4 декември 2024 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, кај кој претходно е пронајдена марихуана.
- Кривична пријава е поднесена против А.Ц.(19) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Според него, при преглед во возило „пежо“, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдшле и одзедле марихуана.
Дополнително, при преглед кај него пронајдено и одземено било пакување со марихуана.
Деновиве полициски службеници од дебарското одделението за внатрешни работи, приведоа двајца дебрани Б.М.(22) и Ф.Л.(22), во чиј автомобил пронашле дробилка со остатоци од марихуана. вт/дма/
Фото: МИА