• четврток, 19 декември 2024

Кривична постапка против Зума за малтретирање домашно милениче

Кривична постапка против Зума за малтретирање домашно милениче
Лондон, 16 март 2022 (МИА) – Британското Кралско здружение за заштита на животни (РСПЦА) отвори денеска кривична постапка против фудбалерот на премиерлигашот Вест Хем, Курт Зума, поради малтретирање на своето домашно милениче. Кривична одговорност може да сноси и неговиот брат Јоан Зума. - Врз основа на темелна истрага, започнуваме процес за кривично гонење против Курт и Јоан Зума врз основа на Законот за грижа на животни, соопшти РСПЦА. Јоан Зума на почетокот на февруари го сними својот брат како малтретира домашно милениче, удирајќи ја една од двете мачки во неговиот дом со ногата, а потоа и со чевел. Однесувањето на 27-годишниот фудбалер наиде на остра осуда во британската јавност, а Вест Хем му изрече „максимална‘ парична казна во износ од 300.000 евра. Двете домашни миленичиња му беа одземени на Зума. ег/паг/

Остани поврзан