• сабота, 28 декември 2024

Кривична за охриѓанец кој пишувал недолични коментари на Фејсбук

Кривична за охриѓанец кој пишувал недолични коментари на Фејсбук
Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.З.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Како што информира денеска МВР, тој на 25 јануари на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон група граѓани.бт/са/

Остани поврзан