• четврток, 26 декември 2024

Крива Паланка домаќин на турнир во мал фудбал

Крива Паланка домаќин на турнир во мал фудбал

Крива Паланка, 25 април 2023 (МИА) – Во Крива Паланка во тек е вториот по ред национален турнир во мал фудбал кој полека но сигурно прераснува во традиција. На турнирот учествуваат 12 екипи од Скопје, Куманово и Крива Паланка.

 

Антонио Давитковски, еден од организаторите, изрази благодарност до компанијата „Mozzart“ за несебичната помош и поддршка која ја добија за организација на овој спортски настан.

 

- Општина Крива Паланка втора година по ред е организатор на Турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023. Минатата година настанот се покажа како полн погодок за локалната заедница и спортската јавност која ги наполни трибините во салата ,,Бранители 2001’’. Тоа беше и главниот мотив и оваа година повторно да го организираме турнирот со подобар квалитет од претходната година. Пријавени се дванаесет екипи составени од квалитетни футсал играчи, а меѓу нив има и голем број репрезентативци. Голема благодарност до Mozzart што го препозна овој турнир како голем потенцијал и многу значаен за заедницата и истиот го поддржа. Се надеваме дека ќе успееме да ја оправдаме помошта со квалитет и оваа соработка ќе биде успешна и ќе продолжи и во наредните години, изјави Давитковски.

 

Турнирот во мал фудбал свечено беше отворен вчера, а истиот ќе трае две недели. зс/

Остани поврзан