• сабота, 23 ноември 2024

Крива Паланка втора „Најеколошка општина за 2023“ во државата

Крива Паланка втора „Најеколошка општина за 2023“ во државата

Крива Паланка, 29 февруари 2024 (МИА) - Општина Крива Паланка освои втора награда на конкурсот за „Најеколошка општина за 2923“ година во организација на Пакомак и Балкан ЕКО институт, кои ја наградија општината со сет реквизити за најмладите жители.

-Висока, втора награда за Крива Паланка на конкурсот за „Најеколошка општина во државата за 2023“, кадешто првото место му припадна на Берово. Заложбите за чиста и зелена општина се препознаени, даваат резултати и носат позитивен имиџ на градот. Благодарност до сите што со секојдневната работа придонесуваат нашиот град да биде позициониран високо на листата на најчисти градови и секако, благодарност до организаторите кои придонесуваат за подигнување на еколошката свест, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Општина Крива Паланка во изминатите две години интензивно вложува во уредување јавни зелени површини, засадување цвеќа и дрвја, како и одржување на хигиената во градот.

Програмите за хортикултурно уредување и јавна чистота бележат 100 отсто реализација, а за две години се засадени над 2500 садници.
Организаторите на конкурсот, Пакомак и Балкан Еко институт поттикнуваат и поддржуваат подигнување на еколошката свест, заштита на животната средина и селекција на отпад од пакување во општините во државата. ид/сст/


Фото
Општина Крива Паланка 

Остани поврзан