• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кремљ: Датумот за новите руско-американски преговори ќе биде одреден во наредните денови

Кремљ: Датумот за новите руско-американски преговори ќе биде одреден во наредните денови

Москва, 19 март 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека датумот за новите руско-американски разговори ќе биде одреден во наредните денови.

Тој го изјави ова еден ден по телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

Песков во својот дневен брифинг со новинарите рече дека се предвидени разговори денеска и утре, со цел да се утврдат „точните датуми на следните контакти и составот на руската и американската делегација“.

Американската и руската делегација досега имаа два состаноци, во Ријад на ниво на министри за надворешни работи на 18 февруари и во Истанбул, Турција на 25 февруари, за заживување на работата на амбасадите на двете земји. Нивните контакти беа иницирани по првиот телефонски разговор на Трамп и Путин на 12 февруари. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан