• среда, 18 декември 2024

Кремљ: Судбината на руските бази во Сирија се уште не е одлучена

Кремљ: Судбината на руските бази во Сирија се уште не е одлучена

Москва, 16 декември 2024 (МИА) – Кремљ денеска соопшти дека иднината на руските воени бази во Сирија не е одлучена и оти Москва се обидува да ги задржи, и покрај падот на режимот на претседателот Башар ал Асад.

- Нема конечна одлука за тоа, ние сме во контакт со претставниците на силите кои моментално ја контролираат ситуацијата во земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва има две воени бази во Сирија, поморската база Тартус и воениот аеродром Хмеимим.

Русија беше жестоко критикувана за нејзината воена интервенција во Сирија од 2015 година, како поддршка на Башар ал Асад. Учествуваше во репресија на бунтовниците, особено со извршување на разорни воздушни напади.

Бунтовничката коалиција во која доминираше исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам го собори Ал Асад од власт на почетокот на декември. Тој со семејството избега во Русија. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан