• среда, 25 декември 2024

Кремљ призна за „значителни загуби“ во Украина

Кремљ призна за „значителни загуби“ во Украина
Лондон, 7 април 2022 (МИА) -    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,  изјави дека Русија претрпела „значаителни загуби“ во Украина. „Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“. Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави два дена подоцна дека најверојатно се убиени најмалку 10.000 руски војници. зш/

Остани поврзан