Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со интерконтинентална балистичка ракета
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нема „ништо да каже“ за обвинувањата на украинската војска дека Русија утрово истрелала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) врз Украина.
Москва, 21 ноември 2024 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нема „ништо да каже“ за обвинувањата на украинската војска дека Русија утрово истрелала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) врз Украина.
Во разговор со новинарите, Песков одби да коментира, јави Си-Ен-Ен.
- Тоа е прашање за нашата војска, рече тој.
Русија денеска лансирала интерконтинентална балистичка ракета „Кинџал“ од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети, соопшти украинската војска.
Русија го употреби ова оружје со долг дострел за прв пат откако ја почна војната.
Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше како потенцијална ескалација.
Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите. јт/
Фото: МИА архива