• среда, 25 декември 2024

Кремљ не сака да коментира за вмешаноста на терористичката ИД, ниту дали нападот во Москва е неуспех на руските разузнавачки служби

Кремљ не сака да коментира за вмешаноста на терористичката ИД, ниту дали нападот во Москва е неуспех на руските разузнавачки служби

Москва, 25 март 2024 (МИА) - Кремљ денеска одби да го коментира тврдењето на џихадистичката терористичка група „Исламска држава“ (ИД) која презеде одговорност за нападот во близина на Москва, во кој загинаа 137 лица.

Терористичката ИД, против која Русија се бори во Сирија и која е активна во рускиот регион на Кавказ, ја презеде одговорноста за нападот, но руските власти го игнорираат признанието и навестуваат вмешаност на Украина, што Киев и Западот жестоко го негираат.

Три дена по трагедијата, голем број прашања остануваат неодговорени, особено во врска со идентитетот и мотивите на четворицата осомничени.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска не одговори.

- Истрагата е во тек и би било погрешно администрацијата на претседателот да коментира за нејзиниот напредок, изјави тој пред новинарите.

Киев, кој се бори против инвазијата на руските трупи од февруари 2022 година, негира „секаква поврзаност со она што се случило“.  И Европската Унија ја демантира верзијата на рускиот претседател.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, денеска Песков одби да коментира и за тоа дали Москва го примила предупредувањето од САД за можен терористички напад.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги заобиколи и прашањата за тоа дали терористичкиот напад во Москва претставува неуспех на руските разузнавачки служби.

Во моментов на интернет има многу емотивни, хистерични, провокативни содржини. Јасно е дека оваа монструозна трагедија буди многу емоции, но за жал, нашиот свет покажува дека ниту еден град или земја не може да биде целосно имун на заканата од тероризам. Разузнавачките служби работат неуморно. Тие се справуваат со сите закани, со сите предизвици со кои се соочува нашата земја“, одговори Песков. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан