Кремљ: Не исклучуваме средба Путин – Трамп во Саудиска Арабија
- Не може да се исклучи можноста за средба помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп во Саудиска Арабија, но сè уште нема конкретни информации за местото на одржување состанок лице в лице, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Москва, 19 март 2025 (МИА) – Не може да се исклучи можноста за средба помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп во Саудиска Арабија, но сè уште нема конкретни информации за местото на одржување состанок лице в лице, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно, специјалниот претставник на Трамп за Блиски Исток, Стив Виткоф наведе дека САД и Русија на 23 март во Џеда ќе разговараат за деталите за прекин на огнот во Украина.
И Виткоф посочи дека е „веројатна“ средба на Трамп со Путин. ми/
фото: ЕПА