• среда, 25 декември 2024

Кремљ: Не е јасно што сака Киев

Кремљ: Не е јасно што сака Киев
Москва, 27 мај 2022 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека ја обвинува Украина затоа што мировните преговори меѓу двете земји се замрзнати, наведувајќи оти не е јасно што сака Киев. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, украинските власти  постојано даваат контрадикторни изјави. - Тоа не ни дозволува целосно да сфатиме, што украинската страна навистина сака, тврди Песков. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но ќе мора да се соочи со реалноста дека тоа најверојатно ќе биде неопходно за да се стави крај на војната. - Постојат работи за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не велам дека нашиот народ има желба да разговара со Путин, но мораме да се соочиме со реалноста низ што минуваме сите заедно, истакна Зеленски за време на своето обраќање пред индонезиските интелектуалци. Тој нагласи дека Украина од тој состанок очекува повторно да си ги врати животите. - Сакаме да го вратиме животот на една суверена земја, на својата територија. Русија се чини сè уште не е подготвена да започне сериозни мировни преговори, додаде Зеленски. бд/ми/

Остани поврзан