• недела, 24 ноември 2024

Кремљ не гледа подобрување на односите со Велика Британија со изборот на Сунак

Кремљ не гледа подобрување на односите со Велика Британија со изборот на Сунак
Москва, 25 октомври 2022 (МИА) - Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков денеска изјави дека изборот на Риши Сунак за нов британски премиер, „не дава причина за надеж за позитивен развој на односите“ меѓу Велика Британија и Русија. - Не, во моментов не гледаме ниту претпоставка, ниту основа, ниту надеж за тоа дека во нашите односи ќе дојде до какви било промени кон подобро во блиска иднина, подвлече Песков. Тој додаде дека „Русија и понатаму е отворена и подготвена за и најсложените прашања да ги решава преку пат на преговори, но, не на штета на сопствените интереси“. Риши Сунак официјално стана петти премиер на Велика Британија во изминатите шест години. бд/зш/

Остани поврзан