• недела, 13 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кремљ: И покрај критиките, Путин останува отворен за контакти со Трамп

Кремљ: И покрај критиките, Путин останува отворен за контакти со Трамп

Москва, 31 март 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин останува отворен за каков било контакт со американскиот колега Доналд Трамп.

Дмитриј Песков истакна дека  за сега не е планиран разговор помеѓу двата лидери.

Трамп во вчерашното интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и „бесен“ на Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

- Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп и најави разговор со Путин следните денови.

Путин неодамна го отфрли предлогот на Трамп за безусловен прекин на огнот во Украина, кој Киев го прифати под притисок на САД.

- Продолжуваме да работиме, првенствено на воспоставување билатерални односи, а работиме и на спроведување на одредени идеи во однос на украинското решение, истакна Песков, додавајќи оти „тоа е долг процес, веројатно поради сложеноста на случајот“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан