• вторник, 25 март 2025

Кремљ во моментов не гледа можност за обновување на дијалогот со Европа

Кремљ во моментов не гледа можност за обновување на дијалогот со Европа

Москва, 24 февруари 2025 (МИА) - Русија во моментов не гледа основа за обновување на дијалогот со Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неколку часа откако ЕУ го усвои шеснаесеттиот пакет санкции против Москва во врска со војната во Украина, пренесоа британските медиуми.

Песков рече дека Русија сака да најде решение за украинскиот конфликт со водење дискусии со САД и ја обвини Европа дека сака да продолжи со непријателствата.

-Европејците продолжуваат по досегашниот пат и се убедени во потребата од продолжување на војната, рече Песков.

„Ова убедување на Европејците е во целосна спротивност со напорите да се најде решение за Украина, што во моментов го правиме со Американците“, додаде тој на третата годишнина од рускиот напад врз соседната земја.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан