• сабота, 23 ноември 2024

Кредит од 2,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ наменет за малите и средните компании

Кредит од 2,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ наменет за малите и средните компании
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри нов кредит од 2,5 милиони евра за Комерцијална банка кој е наменет за кредитирање на  малите и средните компании со цел да се поттикне нивната конкуретност.

Покрај кредитирањето, малите и средните претпријатија ќе имаат бенефит од персонализираната техничката помош и од поддршката на ресурсите од услугите да-се-знае-како, се во насока на поддршка и имплементација на проектите, како и од доделувањето грант до 15 проценти од вредноста на вкупната сума на кредитот, по успешно завршување на проектот. Техничката помош и грантовите се финансирани преку ЕУ Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата (European Union Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility - WB EDIF), информираа денеска од ЕБОР.

- Оваа програма им нуди на локалните МСП поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравство и безбедност, и квалитет на производот. Новото финансирање значително ќе го олесни пристапот до многу потребното финансирање на малите бизниси, кои се клуч за економско заздравување во овие времиња на предизвици, правејќи ги бизнисите поконкурентни и отпорни, овозможувајќи им подобро интегрирање во регионалните и европските ланци на вредности, вели Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во земјава.

Евроамбасадорот Дејвид Гир најавува дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува поддршка за малите и средните претпријатија преку Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата, со цел да им помогне во забрзувањето на економското обновување, подготовката за зелена и дигитална транзиција и целосното учествона единствениот пазар на ЕУ по пристапување во него.  Од Комерцијална банка посочуваат дека секторот на малите и средните претпријатија е многу важен  за економијата во земјава и сметаат дека овој кредит ќе им пружи поддршка да воведат нови технологии и да креираат нови работни места. Во 2018 година, на Комерцијална банка и беше одобрен кредит од пет милиони евра од ЕБОР програмата за Западен Балкан за поддршка на конкуретноста на малите и средните претпријатија. Програмата е поддржана со средства од Европската унија. ЕБОР досега има инвестирано над две милијарди евра во над 140 проекти во земјата. бак/скс/

Остани поврзан