• среда, 27 ноември 2024

Креативна работилница за лица со попреченост во Пехчево

Креативна работилница за лица со попреченост во Пехчево

Пехчево, 21 ноември 2023 (МИА) - Креативна работилница посветена за лицата со попреченост, денеска во Пехчево се одржа во организација на Домот за култура „Јане Сандански" и Дом на култура „Тошо Арсов" Виница.

Директорката на пехчевскиот Дом на култура, Валентина Веселинска информира дека работилницата е прва заедничка активност на двете установи. 

-Во рамки на оваа креативна работилница цел ден заеднички се дружевме. Активностите се состоеја од плетење, цртање, пеење песни од Тоше Проески. Потоа ја посетивме црквата Св.Петар и Павле, каде запаливме свеќи за здравје на сите по повод празникот Св.Архангел Михаил, рече Веселинска.

Од Домот на култура „Тошо Арсов" од Виница очекуваат продлабочување на заедничката соработка и во иднина.

-Благодарност до директорката на Дом на култура „Јане Сандански“-Пехчево за топлиот пречек и можноста да оствариме уште една креативна работилница со лицата со посебни потреби  од Дневниот центар-Виница, додадоа од ДК „Тошо Арсов".

Проектот „Креативна работилница за лицата со посебни потреби, финансиски е подржан од Министерство за култура. вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан