• вторник, 01 октомври 2024

Креативна дружба си Филип Коруновски во рамките на „Велешко лето 2024“

Креативна дружба си Филип Коруновски во рамките на „Велешко лето 2024“

Велес, 23 август 2024 (МИА) - Креативна дружба со ликовниот уметник Филип Коруновски, ќе се одржи вечерва во 21 часот во Европската куќа на млади во центарот на Велес.

Во рамките на „Велешко лето 2024“, синоќа одекнаа изворните зборови од просветителот на македонски народен јазик, Јордан Хаџи Константинов Џинот во неговата родна куќа во стариот дел на градот. Настанот беше организиран од Општина Велес по повод 142 годишнината од смртта на народниот учител.

Младинците од МДПС „Премиера“, ги надополнија зборовите со животописот полн со прогонства, и на тој начин се поклонија пред делото на овој великан. Родната куќа на Џинот заживеа и со звуците на Петар Марков, достојно одбележувајќи ја 142 годишнината од смртта на учителот.

Делегација на Општина Велес вчера положи и букети со цвеќе на гробот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот во дворот на црквата „Свети Спас“ во Велес. ад/ир

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан