• недела, 28 јули 2024

Крводарителслка акција во Видеолотарија Касинос Австрија

Крводарителслка акција во Видеолотарија Касинос Австрија
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје во своите просториите реализираше крводарителска акција. Во оваа акција даруваа крв вработените и бренд амбасадорот, автомобилскиот шампион Игор Стефановски - Иџе. - Акцијата е убава хумана традиција, која ја практикуваме двапати во годината како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин Видеолотарија ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на нашите вработени, во насока на давање корпоративен придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите, се наведува во соопштението од Државна видеолотарија на Македонија. мд/цр

Остани поврзан