• недела, 28 јули 2024

Крводарителска акција со Ротари клуб Неготино, реализирани 55 крводарувања

Крводарителска акција со Ротари клуб Неготино, реализирани 55 крводарувања

Неготино, 16 мај 2024 (МИА) - Обезбедени се 55 крвни единици во денешната доброволна крводарителска акција што се реализираше во Неготино, во соработка со Ротари клуб, информираше попладнево Тошко Настов, секретар на неготинскиот Црвен крст. 

- Ова е традиционална акција што по пауза од неколку години, повторно се обнови, па така Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Неготино, ја реализираше акцијата со Институтот за трансфузиона медицина на Република С. Македонија. Ова беше веќе четврта акција за овој месец на територијата на општина Неготино, но и овој пат имаше голем интерес за граѓаните да ја даруваат својата скапоцена течност, a за тоа покажува бројката од реализирани дарувања, рече Настов. 

Тој и  Никола Најдовски, претседател на Ротари клуб Неготино, им се заблагодарија  на сите крводарители за успешно реализираната акција. свд/аа/

Фото : Црвен крст Неготино

Остани поврзан