• недела, 24 ноември 2024

Крводарителска акција во Општина Старо Нагоричане

Крводарителска акција во Општина Старо Нагоричане

Куманово, 21 јули 2023 (МИА) - Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Општина Старо Нагоричане и Институтот за трансфузиона медицина денеска се одржа крводарителкса акција во просториите на општина Старо Нагоричане.

- Акцијата траеше од 09-13 часот, а граѓаните на Општина Старо Нагоричане уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани 17 крвни единици, велат од Црвен крст Куманово.

Во Куманово годишно се организираат 40-тина крводарителски акции. ам/цр

Фото: Црвен крст Куманово

Остани поврзан