• петок, 27 декември 2024

Крвична пријава за двајца охриѓани затекнати во Струшко за време на полицискиот час

Крвична пријава за двајца охриѓани затекнати во Струшко за време на полицискиот час
Струга, 7 април 2021 (МИА) – Одделението за внатрешна контрола – Струга поднесе кривична пријава против двајца охриѓани за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. СВР Охрид денеска соопшти дека И.П.(31) и Л.У.(30) од Охрид биле затекнати во такси возило на регионалниот пат Охрид – Струга во полициски час, без соодветна дозвола за движење. - При контрола извршена на 13 март годинава, 3:30 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници ги затекнале И.П. и Л.У. во такси патничко возило без да поседуваат дозвола за движење во време на полициски час. Со тоа, пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22 до 05 часот со цел заштита на населението од Ковид – 19, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.сс/бт/

Остани поврзан