• сабота, 28 декември 2024

Крајот на „Војна на ѕвездите“ требало да биде уште потажен

Крајот на „Војна на ѕвездите“ требало да биде уште потажен
Лос Анџелес, 10 март 2022 (МИА) - „Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ важи за едно од најдобрите продолженија на сите времиња, оти ги изврти воспоставените замисли на оригиналниот филм во посериозен тон и со тоа дека хероите не секогаш победуваат. Кон крајот на филмот, Лук Скајвокер губи цел екстремитет од Дарт Вејдер, а непријателот му дофрла прилично шокантни вести за потеклото и тоа - кој му е татко. Следат уште неколку неочекувани мигови, а потоа, Лук и Леја се прегрнуваат и гледаат во галаксијата додека одјавната сцена носи надежна нота за иднината на ликовите... Крајот е „култен“, истакнувајќи ја способноста на режисерот Џорџ Лукас да ги урамнотежи „светлината и темнината“ во неговите филмови. Сепак, тоа не била првичната замисла, според глумецот Марк Хамил. Прашан дали последната снимка од прегрнувањето на Лук и Леја е всушност - преснимување, на Твитер Хамил самиот го потврди тоа. „Снимен 4 месеци откако го завршивме главното снимање... Тоа не беше ’повторно снимање‘, тоа беше дополнителна сцена“, одговори Хамил. Со оглед на загриженоста за „темелниот завршен пораз“ на протагонистите, Хамил вели дека последната сцена била вклучена како „возбудувачки миг на надеж“ за за утеха на публиката.  си/

Остани поврзан