• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Крајбрежната стража спаси четири лица од превртениот чамец кај Флорида

Крајбрежната стража спаси четири лица од превртениот чамец кај Флорида

Талахаси, 14 април 2025 (МИА) - Американската крајбрежна стража на социјалните мрежи објави дека едно лице е пронајдено мртво за време на потрагата по петте лица исчезнати по превртувањето на чамец кај брегот на Атлантикот, на Флорида.

Американските медиуми пренесуваат дека Крајбрежната стража спасила четири лица од водата, на околу 74 километри северно од Вест Палм Бич.

Еден од спасените изјавил дека чамецот се превртел уште во петокот.

Официјални лица од противпожарната служба на округот Мартин за медиумите изјавија дека три од четирите спасени лица од водата се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан