• среда, 25 декември 2024

Кратка хорор-приказна за една мачка (видео)

Кратка хорор-приказна за една мачка (видео)
Лос Анџелес, 20 октомври 2020 (МИА) - На интернет се случи премиерата на хоророт „Страшливo маче" (Scaredy Cat), којшто според авторите, е првиот хорор-филм за мачки. Главниот лик во филмот, се разбира, е мачка, а негативецот е - краставица. https://youtu.be/WULOpreo36o Познато е дека мачките ретко се плашат од темнина, од вештачка имитација на себе, па дури и од непознатото и љубопитноста, што нели, според американската поговорка - „ја убива мачката“... Нашиот херој тука не се плаши ниту од црвениот сок на доматот, но скока по метар и половина кога ќе види краставица зад себе, и ништо друго не го плаши така. Кусиот хорор-филм на Јутјуб веќе го погледнаа и луѓе од овие простори, па еден коментар гласи дека „штета е што мачката не чула за маринада и туршија", а некои, пак, сметаат оти „филмчево заслужува Оскар". си/паг/

Остани поврзан