Красниќи: Локалните собранија во Косово конституирани во согласност со Уставот
- Вршителот на должност министер за локална самоуправа Елберт Красниќи изјави дека денешното конституирање на локалните собранија во Косово било спроведено „во согласност со одредбите на Уставот“. Тој им посака успешен мандат на новите градоначалници.
Приштина, 5 декември 2025 (МИА) - Вршителот на должност министер за локална самоуправа Елберт Красниќи изјави дека денешното конституирање на локалните собранија во Косово било спроведено „во согласност со одредбите на Уставот“. Тој им посака успешен мандат на новите градоначалници.
„Денеска се одржаа конститутивни седници во општините Ѓаковица, Грачаница, Лепосавиќ, Липљан, Мамуша, Северна Митровица, Ново Брдо, Партеш, Ранилуг, Штрпце, Штимље, Зубин Поток и Звечан. Сè се одвива во ред и согласно уставните одредби“, напиша Красниќи на Фејсбук.
Денеска беше конституирана локалната власт во сите десет општини со српско мнозинство, а сите нови градоначалници се кандидати на Српска листа.
Заклетвата беше положена пред знамето на Косово и фотографијата на претседателката Вјоса Османи. ссм/мс/
фото: архива